Инвестициски фонд е нов газда на „Битолска млекарница“

Bez autora
Feb 04 2015

„Мид Европа партнерс“, најголем инвестициски фонд специјализиран за инвестиции во Централна и Источна Европа, деновиве потпиша спогодба за преземање на фирмите на „Данубе фудс“, во чија сопственост се компаниите „Битолска млекарница“, „Имлек“, „Млекарница Суботица“, „Бамби“ и „Књаз Милош“. Од „Данубе фудс“ соопштија дека компанијата е продадена за 575 милиони евра. За да ги спречиме шпекулациите, сакаме да информираме дека вредноста на договорот меѓу „Данубе фудс“ и инвестицискиот фонд „Мид Европа партнерс“ изнесува 575 милиони евра, информираа од „Данубе фудс“. Од таму додаваат дека во трансакцијата покрај инвестицискиот фонд учествувала и Европската банка за обнова и развој, како и водечки европски банки: Уникредит, Рајфајзен, ИНГ, БНП, Сити.

Инвестициски фонд е нов газда на „Битолска млекарница“„Мид Европа партнерс“, најголем инвестициски фонд специјализиран за инвестиции во Централна и Источна Европа, деновиве потпиша спогодба за преземање на фирмите на „Данубе фудс“, во чија сопственост се компаниите „Битолска млекарница“, „Имлек“, „Млекарница Суботица“, „Бамби“ и „Књаз Милош“.

Од „Данубе фудс“ соопштија дека компанијата е продадена за 575 милиони евра. „За да ги спречиме шпекулациите, сакаме да информираме дека вредноста на договорот меѓу ’Данубе фудс‘ и инвестицискиот фонд ’Мид Европа партнерс‘ изнесува 575 милиони евра“, информираа од „Данубе фудс“. Од таму додаваат дека во трансакцијата покрај инвестицискиот фонд учествувала и Европската банка за обнова и развој, како и водечки европски банки: Уникредит, Рајфајзен, ИНГ, БНП, Сити.

Од „Битолска млекарница“ велат дека спогодбата за преземање е веќе потпишана. „’Битолска млекарница‘ успешно работи повеќе од 60 години. Вакви промени со преземање на компанијата имало и претходно. И сега сметаме дека може да значи само унапредување на работењето на компанијата, нови инвестиции. И во интерес на новите сопственици е да расте компанијата и да се зголемува нејзината вредност“, велат од „Битолска млекарница“.

Според Роберт Кнор, партнерот на „Мид Европа“, кој ги води инвестициите за југоисточна Европа, аквизацијата на „Данубе Фудс“ ја покажува нивната одговорност да продолжат да го одржуваат развојот на водечките фирми во Србија и регионот по мошне успешната инвестиција во „СББ - Телемакс груп“.

Тој истакнал дека „Данубе фудс“ одлично се вклопува во инвестициските критериуми на „Мид Евуропа“ заради водечките брендови и силните пазарни позиции на членките на групацијата.

„Сакаме уште повеќе да ги зајакнеме низ капитални вложувања во развивањето на локалните лидери во вистински регионални шампиони, и заради тоа сум убеден дека нашата инвестиција во групацијата’Данубе фудс‘ ќе биде успешна“, додал Кнор.

Според Андреј Бабаче, директор во „Мид Европа“, кој ја предводел реализацијата на трансакцијата, групацијата „Данубе фудс“е сопственик на најпопуларните и најпрепознатливи малопродажни брендови во регионот.

„Групацијата е силна платформа со силен потенцијал за понатамошна експанзија низ регионот и се радуваме на можноста да го употребиме својот капитал и искуство за да помогнеме да се пополни тој потенцијал, како што правевме со претходните инвестиции во регионот“, истакнал Бабаче. Генералниот директор на „Имлек“, Слободан Петровиќ, пак, изјавил дека им е драго што во следната фаза од развојот на „Данубе фудс“ ќе соработуваат со реномиран инвеститор како што е „Мид Европа партнерс“.

„Веруваме дека регионалното искуство на тимот од ’Мид Европа‘, како и нивната фокусираност на развојот и корпоративното раководење ќе придонесе за нашиот понатамошен успех“, рекол Петровиќ.

Со преку 400 милиони евра од вкупниот промет во 2014, „Данубе фудс“ е регионален лидер на пазарите за млеко и млечни производи, кондиторски производи, како и минерални води и енергетски пијалаци. Групацијата ги извезува своите производи на пазарите во западна Европа.

„Мид Европа партнерс“ е инвестициски фонд фокусиран на централна Европа и Турција, со седиште во Лондон и претставништва во Будимпешта, Истанбул и Варшава. Од своето основање во 1999 година „Мид Европа партнерс“ раководел со вкупен капитал од 4,2 милијарди евра.

Фондот е познат во Србија и регионот по создавањето на водечкиот кабелски и интернет-оператор „СББ-Телемакс“ групацијата, која ја продаде во октомври 2013 година на американскиот инвестициски фонд „Колберг кравис Робертс“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik